Најголемата инспирација на Канjе: Карлеуша ја провоцира Ким, ги покажа своите розови изданија

11 октомври, 2021
jelena-karleusa-kanje-vest-kim-kardasijan-830x0

Јелена сосема случајно ,по појавувањето на Ким Кардашијан во розов костим, објави неколку нејзини розови изданија

Синоќа Ким Кардашијан се појави на една американска телевизија во розов костим, а денес на Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша се појавија фотографии во стајлинзи со истатанијанса, што привлече големо внимание кај нејзините бројни следбеници.

Имено, Карлеуша објави неколку нејзини изданија во розова боја сосема случајно по појавата на Кардашијан во розов костим, а нејзините обожаватели воодушевено го коментираа тоа.

Најмногу внимание привлече еден коментар, на кој одговори самата Карлеуша.

– Најголемата инспирација на Ким Кардашијан досега – напишала обожавателката, а Карлеуша одговорила: „На Канје“.

Со оглед на тоа што Кардашијан често го посетува профилот на Карлеуша на оваа социјална мрежа, нема да се изненадиме ако Јелена повторно стане тема број еден низ светот, како што беше случајот во 2015 година кога Ким во отвореното писмо до Карлеуша призна дека честопати била инспирирана по нејзината облека.

escort - Korsan taksi