Најмоќниот стајлинг на Карлеуша досега: Сите останаа со отворена уста!

Како изгледа Карлеуша во оваа комбинација?
Поп-sвездата Јелена Карлеуша (42) дојде на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во комбинација што малкумина би се осмелиле да ја носат, а поради никогаш попровокативниот стајлинг, многумина повторно ќе помислат дека ова навистина може да го носи само таа.
Карлеуша носеше комбинезон со едната ногавица, така што десната нога, и дел од задникот беа буквално „на тацна“, додека горниот дел има огромно деколте до пупакот.
Црната креација има долги ракави, со врвки на предната страна над стомакот и градите, така што глетката на Јелена беше повеќе од предизвикувачка, а нејзиното бомбастично тело излезе во прв план.
Носеше црни сандали со високи потпетици на стапалата, додека на лицето имаше огромни очила за сонце, додека коата и беше пуштена и исфенирана.
Ова е едно од најпровокативните изданија на Јелена, и нема сомнение дека овој стајлинг, како и секој претходен, но и сè што прави, и те како ќе се зборува.