НАТАША БЕКВАЛАЦ ОТВАРА ПРИФАТИЛИШТЕ Пејачката одлучи да направи неверојатен потфат! (ВИДЕО)

10 септември, 2021
Screenshot_3

Пејачката Наташа Беквалац одлучи да не се занимава со музика некое време, па се посвети на својот профил на Instagram и многу други обврски.

Познато е дека таа има фарма со многу убава вила која ја издава, па затоа е посветена на тоа, а сега одлучи да направи нешто големо.

Имено, пејачката е позната како голем љубител на кучиња, а покрај пудлицата Лана и уште едно куче што го пронајде, а кое го нарече Мишко, сега посвои уште едно куче. Пејачката сакаше да го даде на некој што ќе се грижи за него, но бидејќи никој не го сакаше ова исплашено кученце, Беквалац го зачува заради љубовта на нејзината помлада ќерка Катја.

И бидејќи сега има три миленичиња, таа одлучи да отвори засолниште за кучиња.

– Наскоро официјално ќе бидеме засолниште за кучиња. Тоа е се што имам да кажам – напиша Наташа во видеото што го објави.

escort - Korsan taksi