„НЕ МОЖАМ ДА ЈА ПОДНЕСАМ!“ Тајната на семејството Којиќ – ЕВЕ ЗОШТО НИКОЈ НЕ ЈА САКА СЕВЕРИНА!

1 март, 2021
128036_seve30_f

Кавгата меѓу семејствата Којиќ и Вучковиќ трае веќе некое време, а проблемот настана кога Северина, за време на вонредната состојба, замина во Загреб.

Северина и Игор се скараа пред една година, а по кавгата семејството Којиќ ја отследи Северина на сите социјални мрежи.

Наташа, сестрата на Игор, ги прекина сите контакти со Северина затоа што ѝ пречеше начинот на кој се однесуваше кон нивните родители. Тоа најмногу ѝ пречеше затоа што целото семејство Којиќ ја поддржуваше Северина во тешките животни моменти и борбата за старателство, а таа не знаеше како да го почитува тоа. Покрај сето тоа, на Кеба и Оља им стави некои работи на носот, што ја направи Таша уште полута. Таша ја елиминираше Северина од својот живот кога сфати дека повеќе не е заубена во нејзиниот брат Игор и дека најверојатно ќе се разведе.

Наташа ја блокираше Северина на сите социјални мрежи, Skype, и не сакаше да одговара на пристигнатите повици и пораки. Во моментов, од целото семејство Којиќ, само Игор, нејзиниот официјален сопруг, ја следи Северина на Instagram. Медиумите во Хрватска неодамна објавија дека двајцата не се виделе повеќе од шест месеци, односно од нејзината посета на Белград во јуни минатата година. Освен семејството Којиќ, Северина на Instagram ја отследија и Лепа Брена и Ана Бекута, иако и двете беа на нивната венчавка, пред шест години.

escort - Korsan taksi