„НЕМА ДА ГИ ТОЛЕРИРАМ ОВИЕ ДЕТСКИ ТРИКОВИ!“ Дара и Тони се скарале на сред трговски центар?! Ја оставил – па направила СЦЕНА?!

9 март, 2021
2360703_screenshot-25_ff

Се скараа, но сè беше во ред после тоа?!

Во последно време кружат гласини дека не е сè во најдобар ред меѓу пејачката Дара Бубамара и нејзиното 21 година помладо момче Тони и дека во нивната врска не цветаат рози.

Според медиумите, на паркингот пред трговскиот центар во Нови Сад се случила сцена, а биле присутни и бројни минувачи.

Дара и Тони, наводно, дошле заедно со нејзиниот бел мерцедес и веројатно биле нервозни уште од самиот почеток, бидејќи долго време барале паркинг во близина на влезот. Пејачката била зад воланот, па штом излегле од автомобилот, продолжила жестока расправија, која најверојатно започнала додека биле сè уште во автомобилот.

-Ќе ме запомниш, не можеш да се однесуваш како кретен. Немаш 10 години, повеќе нема да ги толерирам твоите детски трикови – наведува изворот на зборовите на Бубамара и додава дека пејачката одмавнала со рацете.

Тони не сакал да се кара со неа, па повикал такси и си заминал, а Дара наводно не сакалс да го запре.

Пејачката отишла на шопинг, а потоа била подобро расположена, се смеела и на телефон му рекла на некој дека ќе пристигне наскоро.

Дара Бубамара не се огласи по овие наводи.