НИКОГАШ ВИДЕНА СЛИКА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ОД МЛАДОСТА: Бил премногу слатко момче, а вака зборуваше за своето детство! (ФОТО)

5 јули, 2021
cola_pozarevac_01092017_029

Многумина денес веруваат дека нема поголема sвезда од Здравко Чолиќ, а еве како изгледал како момче.

Денес, Здравко Чолиќ е една од најголемите sвезди во регионот и пејач кој е сакан и почитуван од сите генерации, а доказ секогаш се полните арени и сали за кои се бараат повеќе билети.

Иако е на музичката сцена со децении, скандали никогаш не го следеа, а малку се знае за неговиот приватен живот. Скоро никогаш не можеме да видиме фотографии од него од секојдневниот живот, но сега на една страница на Фејсбук е објавена слика од 1962 година, кога Здравко бил дете.

Во тоа време имал само 11 години, а еднаш за своето детство рече дека било среќно и дека го памети по убавите моменти.

„Се сеќавам како се собиравме во Требиње со баба ми и дедо ми додека не тргнавме на училиште и како добивме подароци од роднините, пријателите и соседите. Беше поинакво време, луѓето беа безгрижни, а со тоа и поотворени еден кон друг. Се довикуваа преку другата страна на улизата на кафе или ручек, спиеја едни кај други, се радуваа и жалеа заедно. Тоа, за жал, денес се смени.

Бевме многу среќно семејство иако живеевме со една плата, на татко ми. Тој работеше во државна служба, така што не можевме да го обележиме Божиќ во тоа време како што се прави денес, но затоа секогаш бевме среќни да го чекаме млекарот од селото, каде се славеше празникот со сите обичаи и кој ни носеше млеко и новогодишни подароци“.

escort - Korsan taksi