НИКОЛИЈА ЈОВАНОВИЌ ОДГОВОРИ НА КОМЕНТАРИТЕ ДЕКА НЕ Е ДОБРА МАЈКА: Едвај чекав некој да ме обвини! Луѓето судат по кориците

10 јули, 2021
79584_nikolija-jovanovic-i-relja-popovic_ls

Ќерката на Весна Змијанац е мета на негативни коментари на социјалните мрежи, но има подготвен одговор за нив

Пејачката Николија Јовановиќ, која има ќерка Реа со невенчаниот сопруг Реља Поповиќ, одговори на коментарите од нејзините следбеници дека не е добра мајка.

– Па, немам навика да се расправам на социјалните мрежи. Едвај чекав некој да ме обвини за тоа, па затоа и пукнав во коментарот. Не им судам, луѓето на Инстаграм гледаат дека сум во друг град секој втор викенд, а Реа не е. Тогаш помислуваат, оваа го обиколува светот, а го остава детето дома. Но, јас не патувам низ светот, работам за време на викендите. Тоа е дел од работата. Јас сум дома во работните денови и сум многу посветена на детето, како и Реља. Кога ги коментираат сликите од Атина, не знаат дека бев таму со Реа и Реља, но фактот дека не ја зедов Реа да се слика за на Инстаграм, не значи дека таа не е мојот центар на светот. Луѓето ја осудуваат книгата по корицата, и тоа нема никаква врска со вистината – одговори пејачката, пренесуваат медиумите.

Nikolija Jovanović, Relja Popović

Едно од прашањата на нејзините следбеници беше дали станува збор за измама што Николија не би му ја простила на Реља, на што пејачката имаше готов одговор.

Нешто друго! Неискреност – одговори Николија.

escort - Korsan taksi