Нивес Целзијус откри што навистина и недостасува во овие моменти, па ја заскокотка фантазијата со секси фотографија!

1 февруари, 2021
62028081

Нивес Целзијус сподели стара фотографија и се пожали дека и недостасуваат потоплите периоди од годината.

Нивес Целзијус (39) им се пожали на своите следбеници па објави секси фотографија.

„Сакам сонце, лето и високи Целзиуси“, напиша пејачката во објава на Инстаграм додека во Хрватска врне снег. Нивес сподели стара слика од себеси во жешки панталони и жолт топ како позира покрај сено.

Нејзиниот пост наиде на задоволство на следбениците. „Згодна си“, „Празник за очите“, „Гориш“, „Секси“, коментираат тие. Се огласи и нејзиниот пријател Далибор Петко, кој сугерираше дека тој е зад објективот за оваа фотографија.

„Кој те наслика чекај да погодам“, напиша тој.

Целзиус често споделува атрактивни фотографии за кои добива плејада комплименти. Таа неодамна позираше во тесен комбинезон од тантела што открива повеќе отколку што крие, но имаше и такви на кои нешто им пречеше на фотографијата.

Сепак, преовладуваа комплименти. Покрај Инстаграм, Нивес редовно ги воодушевуваше своите обожаватели со комбинации на облека за емисијата на ТВ Нова „Твоето лице звучи познато“ во текот на изминатата година, каде беше член на жирито. Наскоро ќе можеме повторно да ја гледаме во таа улога, бидејќи нејзиното омилено шоу се враќа на малите екрани, а новата сезона ќе ги собере осумте најдобри натпреварувачи од претходните.