Нивес на мета на хејтерите: „Мојот задник со целулит може да го бакне само мојот дечко!“

25 јули, 2021
nives_celzijus9-1172020

На својот профил на Instagram, објави видео во кое соблекува пешкир покрај базен и ја покажува својата витка фигура во бел дводелен костим за капење, а на крајот неколку пати се удира по задникот.

Пејачката, писателка и актерка Нивес Целзијус е вистинска sвезда на социјалните мрежи, а нејзините објави секојдневно ги следат повеќе од 400.000 следбеници. Таа е позната и како жена која обожава да позира во оскудна облека, а нејзиниот Instagram е преплавен со фотографии кои ги покажуваат нејзините бујни атрибути. Иако во моментов летува во округот Шибеник-Книн, Нивес го користи секој слободен момент да комуницира со своите обожаватели на социјалните мрежи, а овој пат ги почести со уште едно жешко издание.

Таа на својот Instagram профил објави видео каде соблекува пешкир покрај базен и ја покажува својата витка фигура во бел дводелен костим за капење, а на крајот неколку пати се удира по задникот. „Нивес целулитис – мојот задник со целулит може да го бакне само мојот дечко“, напиша писателката во описот на видеото.

Нивес ја објави оваа снимка кратко време откако голем број хејтери негативно ги коментираа нејзините фотографии од плажа. Но, по споменатата објава, социјалните мрежи беа преплавени со коментари за поддршка. „Љубоморните жени се многу опасни. Оди уживај и не гледај назад во коментарите. Каде е тој целулит? Не го гледам?“ се само некои од коментарите под објавата.