ОГНОМЕТИ, ШАМПАЊ И ПОСЕБНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ! Цеца искеширала 20.000 евра за роденденот на Анастасија (ФОТО)

26 мај, 2021
raznatovici

Не штедела!

Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави својот 23-ти роденден во еден белградски ресторан, каде собра околу 100 гости, меѓу кои и семејството, пријателите и најблиските соработници.

Цеца не сакаше да открие што ѝ подари на Анастасија за роденденот, велејќи дека тоа е приватна работа, а вчера беше особено среќна не затоа што нејзината наследничка го славеше роденденот, туку и затоа што објави две нови песни „Извини“ и „Готово“.

Меѓутоа, според медиумите, таа за оваа прослава дала 20 000 евра, што и било подарок за Анастасија.

Фолк дивата реши да ја израдува наследничката со голема прослава и да ѝ приреди изненадување по повод посебниот ден, како и да ја направи таа ноќ незаборавна за неа, особено затоа што не можеше да го прослави роденденот минатата година поради пандемијата на коронавирусот.

Цеца не дозволи никој да се меша во организацијата, а на Анастасија беше само да направи список со гости. Според близок извор, таа не штедела на ништо, а само изнајмувањето ресторан чини многу.

Иако бројот на гости не беше голем поради почитувањето на епидемиолошките мерки, пејачката даде приближно само 10.000 евра за тоа. Тој е еден од најлуксузните барови во Белград, каде стол чини околу 100 евра по гостин. Од пијалоците имало неколку шишиња шампањ и бело и црвено вино, а за тоа, вели изворот, биле дадени нешто повеќе од три илјади евра.

Станува збор за пијалоци од грозје порачани од една од најдобрите винарии, поради што цената е доста висока.

Анастасија и Цеца блескаа во фустани на креатори, направени по мерка, па наводно биле издвоени околу две илјади евра и за тоа. Секако, тортата за славеничката не беше помалку гламурозна и чинеше повеќе од 500 евра, додека за огнометот наводно биле дадени две илјади евра.

Ако се земат предвид други ситници и детали, украсувањето, подароците за гостите, како и бендот што ги забавуваше гостите, Цеца наводно издвоила 20.000 евра за роденденскиот подарок на Анастасија.