ОВА Е ВИСТИНСКА ЉУБОВ! Марија Шерифовиќ покажа со кого го поминува времето во кревет за Божиќ (ФОТО)

7 јануари, 2021
1_1000x0

Пејачката не крие колку го сака своето милениче.

Пејачката Марија Шерифовиќ покажа со кого се буди и го поминува Божиќ.

Секако, тоа е нејзиното куче Хак, за кого истакнува дека најмногу го сака.

Да потсетиме, пејачката многу тешко ја поднесе загубата на претходното милениче Роби. Се прости од него со емотивна порака на социјалната мрежа Instagram.

– Беше мое куче. Ти беше мојот Роби. Ти беше мојот син. Ти беше мојата свиња. Луле мој. А денес ми рече збогум и отиде на некое убаво место. Никогаш нема да те заборавам и утеха ми е што си го живеел најубавиот можен живот и дека нема што не сум сторила за тебе! Срцето е скршено и никој нема да може да го замени твоето место! Ти секогаш ќе бидеш мојот број еден! Синко, никогаш нема да те заборавам! Почивај во мир – напиша Марија на својот Instagram профил пред четири години.