Ова го чекаа сите: Анастасија зборуваше за заедничкиот живот со момчето, за приновата, советите од Цеца…

30 април, 2021
Screenshot_5

Младата пејачка реши да направи голем чекор

Во медиумите се појави веста дека наследничката на Цеца Ражнатовиќ, 22-годишната Анастасија, започнала да живее заедно со своето долгогодишно момче Ѓорѓе Кулиќ во Дорчол.

Анастаја, која неодамна се врати од одмор од Мексико, зборуваше малку повеќе за заедничкиот со момчето.

Колку е поинаква вашата врска сега кога живеете заедно?

– Ништо не е различно, сè ни е исто. И кога не живеевме заедно, многу време поминувавме заедно, или тој беше кај мене или јас кај него. Сè е исто, само што сега е надградено.

Дали Цеца ти даде некој посебен совет кога заплови во заеднички живот со момчето?

– Не, ништо. Ништо посебно не се менува тука, вие само спиете заедно и постојано сте заедно, но тоа се случуваше и претходно кога јас спијам кај него или тој кај мене.

Дали во тебе се разбуди мајчински инстикт, со оглед на тоа што си опкружени со деца и дека си нон-стоп со Жељко кога имш слободно време?

– Апсолутно не! Секој го очекува тоа, пред да се роди, мислев дека се поттикнува тој мајчински инстинкт, но во моментот кога не можев да спијам 16 часа поради него и кога шетав низ куќата како труп, сфатив дека не сум сѐ уште за тоа. Сакам да уживам во мојата младост, да патувам. Кога ќе дојде детето, човекот мора да биде 100% посветен на него, затоа би сакала да уживам малку повеќе во животот, а потоа целосно да им се посветам на децата.