Ова се НАЈПОСЕТЕНИТЕ концерти на сите времиња: Цеца Ражнатовиќ на ДЕВЕТО место со Синатра и Спрингстин

13 јули, 2021
CecaUsce-koncert

Статистиката го кажа своето

Ако погледнете на списокот на најпосетувани концерти во историјата, една многу интересна работа ќе „ви падне во очи“. Имено, според податоците што можат да се најдат на Википедија, меѓу првите десет најпосетени концерти во светот, дури два се одржале во Белград.

Додека италијанскиот пејач Васко Роси е на сувереното прво место со неверојатни 225 000 посетители на концертот одржан во Модена во 2017 година, југословенскиот рок-состав „Бијело Дугме“ е на второто место со 220 000 присутни луѓе на концертот на Хиподромот во 2005 година

Следните шест позиции ги заземаат јапонскиот бенд Глеј, британскиот пејач Пол Мекартни, американската пејачка Тина Тарнер, американскиот пејач Френк Синатра, италијанскиот кантавтор Лучијано Лигабу и Американецот Брус Спрингстин (со концерти на кои присуствувале 200 до 160 илјади луѓе).

На деветтото место е српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ со 150.000 посетители на концерт во Ушче во 2013 година.

Во првите десет најпосетени концерти се наоѓа само уште ирската рок-група „У2“ со ист број на посетители, а интересно е да се напомене дека споменатите српски изведувачи се пред великани како што е американската рок-група „Кис“ ( 137 000), британската рок-група „Квин“ (131 000), американската поп-пејачка Мадона (130 000), британската рок-група „Ролинг стоунс“ (126 000), американскиот поп-пејач Мајкл Џексон (125 000) итн.

escort - Korsan taksi