ПО ПОВЕЌЕ ОД 24 ГОДИНИ ДАНИЈЕЛА И ГРАШО РАСКИНАА? Двојката, наводно, не живее заедно веќе некое време

6 мај, 2021
PXL_310718_21529252-e1620229926270

Досега тие самите официјално не се огласија ниту го коментираа крајот на нивната долгогодишна љубов

Еден од најдолговечните парови на регионалната сцена, наводно, ставил крај на нивната љубов. Данијела Мартиновиќ (49) и Петар Грашо (45) поминаа повеќе од 24 години заедно, но како што дознава Story.hr, тие не живеат заедно веќе некое време.

Имено, извор близок на музичарите за споменатиот портал потврдил дека Данијела и Петар повеќе не се пар. Тие самите, пак, сè уште официјално не се огласија ниту пак го коментираа крајот на нивната долгогодишна љубов.

„Вистина е дека Данијела и Петар живееја на одделни адреси во последните месеци, како поради деловни проекти, така и поради одредени лични причини“, изјави претставничката на Грашо, Мартина Подгорски.

Ретко се појавуваа заедно

Тие беа познати како еден од омилените парови на регионалната сцена. Никогаш не сакаа да споделуваат детали од нивниот приватен живот со јавноста, а за својата љубов зборуваа во ретки прилики, исто како што ретко и се појавуваа заедно во јавност.

Еден од последните исклучоци беше концертот на Данијела во Лисински на крајот на 2019 година, каде Грашо и се придружи на сцената и заедно ја отпеаја песната „Најдраже моје“ и ја воодушевија целата сала.