Попрво би се откажала од ДИПЛОМАТА отколку од силиконите: Станија која се фалеше со своето образование, сега сето тоа би го „пуштила низ вода“

Старлетата отворено го искажа своето мислење
Иако во неколку наврати старлетата и поранешна учесничка во реални шоуа Станија Добројевиќ се пофали со дипломата од Економскиот факултет, синоќа во емисијата „Ами Џи шоу“ откри дека би се откала од истата.
Во редовниот дел од оваа емисија „што повеќе би сакале“, старлетата доби незгодно прашање, на кое даде изненадувачки одговор.
„Станија, што би повеќе, да немаше задник и гради или немаше диплома од државен факултет?“, ја праша водителот Огњен Амиџиќ.
„Да немам диплома. Но, сè што заработив нема никаква врска со мојата диплома, можев и без неа. Таа ми даде нешто со пресметките и поголема дисциплина, но ако можев да го вратам времето, можеби ќе одев на приватно, ќе завршам побрзо, брзо ќе се специјализирав “, одговори старлетата.