ПОСЕБНА ЉУБОВ И ПОВРЗАНОСТ Фотографија стара скоро 30 години ги освои симпатиите на јавноста: Цеца Ражнатовиќ како тинејџерка во прегратка на нејзината сестра Лидија, коментарите само се нижат (ФОТО)

23 април, 2021
pjimage (3)_1000x0

Спомени од тинејџерските години

Семејните фотографии од минатото се најубавите спомени, но и носталгијата за некое друго време.

Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината сестра Лидија Оцокоjиќ имаа нешто повеќе од 20 години кога е направена оваа фотографија.

Ја имаат препознатливата насмевка на фотографијата и очигледно е колку личат, а ако сте во дилема која од двете е Цеца – дамата во црвено, која гледа во објективот на фотоапаратот.

Цеца и нејзината сестра Лидија се крајно блиски и до пред само неколку години живееја заедно, со своите семејства под ист покрив.

За таа врска зборува и една од објавите од социјалните мрежи, која Цеца ја напиша покрај фотографијата на која ја гушка својата сестра.

– Најголемиот подарок што можев да го добијам од Господ, освен децата, е сестра. Мојата Лидија која ме поддржува дури и кога грешам, ме штити и ме прави силна во сите моменти од животот. Смеа, солзи, среќа, тага и радост, но и сè што може животот да стори во текот на сите години, лесно издржав со тоа. Ме опсипуваше со љубов кога бев тажна, ме тера да се смеам кога не е сè најсјајно. Колку и да беше тешко, таа секогаш беше најсилна. Камен. Строга. И прво фер. Личност која ги знае сите мои тајни и која разбира кога ќе погрешам, затоа што на крајот на денот сите сме луѓе и се случува да направиме грешки. Внимава на мене кога работите не се како што треба. Ме враќа на вистинскиот пат кога мислам дека сите бродови потонале. Ти благодарам што секогаш беше со мене, секогаш ќе те сакам од срце и од душа … – напишала Цеца.

escort - Korsan taksi