ПРЕД РОДЕНДЕНОТ НА СЕВЕРИНА: Игор дојде во Загреб, не ја тргна насмевка од лицето!

20 април, 2021
PXL_250517_16771370-660x450

Со месеци се зборуваше дека Северина и Игор Којиќ имаат брачни проблеми, што доведе до шпекулации дека парот повеќе не е заедно. Но, фудбалскиот менаџер се врати во Загреб и ден пред роденденот на Северина тој не ја тргна широката насмевка од лицето! Многумина се прашуваа дали дојде крајот на претпоставките за нивните брачни проблеми или парот ги решил проблемите, доколку ги има.

Двојката никогаш не проговори за шпекулациите во медиумите, па не може да се тврди дека се во добри или лоши односи, иако шпекулациите станаа погласни откако не ги поминаа ниту минатите празници заедно. Од друга страна, таткото на Којиќ не сакаше да даде никакви детали за нивната врска, но тој рече дека им посакува сè најдобро.

Откако не ги видовме заедно долго време, сцената од улиците на Загреб ги натера многумина да помислат дека парот се помирил. Имено, Игор Којиќ дојде во Загреб и беше фатен на прошетка во видно добро расположение.

Со оглед на тоа дека Северина утре го прославува својот роденден, можеби тоа е причината за неговиот престој во Загреб.

Последен пат беа заедно во домот на родителите на Којиќ, кога Северина за време на пандемијата ја напушти неговата куќа и сама се врати во Загреб. Игор остана во Белград и од тогаш парот не е виден заедно.

escort - Korsan taksi