ПУКНА ЉУБОВТА НА СОРАЈА И ПОЗНАТИОТ ДИЗАЈНЕР! Тој ја почасти со прескап подарок, но љубовта сепак не потраја

3 јули, 2021
Screenshot 2021-07-03 222321

Филип Плејн не е единственото момче на Сораја кое е познато

Светски познатиот дизајнер, славниот Филип Плејн е познат по својот различен, агресивен стил. Неговите „парчиња“ ги носеа многу светски sвезди.

Германскиот дизајнер, чие богатство се проценува на скоро 300 милиони евра, го освои срцето на Сораја пред неколку години.

Двајцата беа фотографирани како се држат за раце во Милано минатата година додека одеа кон популарниот ресторан „Нобу“.

– Откако започна да работи хемијата помеѓу Сораја и Филип, двајцата не се разделија. Тие се запознаа преку заеднички пријатели од Калифорнија и таа му се допадна на прв поглед, па искрите веднаш се разгореа. Ги погледна нејзините фотографии на Инстаграм, па веднаш почна да и се јавува и да и праќа пораки – изјавил за медиумите во тоа време извор близок на старлетата.

– Почнаа да се допишуваат и договорија состанок во Милано, каде престојуваа во еден од најлуксузните хотели, „Булгари“, каде престојуваат заедно веќе неколку дена. Додека Плејн ја претстави новата колекција во Милано, атрактивната Сара имаше можност прва да види дел од моделите кои беа претставени на ревијата на 15 јуни. Сораја присуствуваше на овој светски настан, а после тоа беше со Филип на забава организирана по повод шоуто, на која музиката ја пушташе светски познатиот диџеј Марко Карола, додека Парис Хилтон и Наоми го слушаа заедно со Вучелиќ – рече тогаш изворот.

Сепак, оваа љубов не преживеа и парот наскоро раскина, точната причина не и е позната на јавноста, но подарокот што го доби од дизајнерот остана на нејзиниот профил на Инстаграм.

Филип Плејн не е единственото момче на Сораја кое е познато. Пред неколку години, во 2014 година, атрактивната Црногорка беше во врска со бразилскиот фудбалер Нејмар. Парот се запознал на Ибица и поминале неколку месеци заедно.

escort - Korsan taksi