ПРОСЛАВИТЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО РАЖНАТОВИЌ НЕ ЗАВРШУВААТ! По Анастасија и малиот Жељко, на ред дојде Цеца – пејачката наполни 48 години!

14 јуни, 2021
ceca-bogdana

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денес слави, нејзината ќерка прва ѝ честиташе!

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денес слави роденден. По прославата на роденденот на Анастасија, големата забава организирана во чест на ќерката на пејачката, но и прославата на роденденот на нејзиниот внук, денес слави и Цеца.

На пејачката роденденот најпрво ѝ го честиташе ќерката Анастасија, со емотивна порака на Instagram.

“Среќен роденден на мојата мајка, најдобра пријателка, најголемата поддршка и личноста што ја сакам најмногу на светот! Да си ми секогаш здрава и среќна, сè друго ќе си дојде! Те сакам”, стои во описот на фотографија на која мајката и ќерката позираат насмеани.