Реља обвинет дека ја ИЗНЕВЕРИЛ Николија? Раперот бил виден како се бакнува со русокоса, а потоа се огласи и ТАА

9 октомври, 2021
Nikolija-Jovanovic-i-Relja-Popovic (1)

Раперот објасни се на својот Инстаграм профил

Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ неодамна станаа родители по втор пат, а сега двојката се најде во центарот на вниманието на јавноста поради наводната измама на Реља, бидејќи тој бил виден во кино како бакнува девојка со кратка и руса коса.

Овие обвинувања можеби ќе поминеа незабележано, ако раперот не ја потврдеше веста.

Имено, еден од корисниците на социјалната мрежа Твитер објави пост со следниве зборови:

– Реља Поповиќ беше фатен минатиот четврток во кино во трговскиот центар Делта Сити со друга девојка. Се бакнуваа на задното седиште, таа цело време носеше маска. Кога сфати дека е провален, ликот буквално избегал од неа. Таа има кратка, руса коса.

Откако се прошири веста, Реља излезе на Инстаграм и ги потврди овие наводи:

– Да не ме прашуваат луѓето, вистина е дека имам нова девојка!

Меѓутоа, со следната објава, тој самиот се демантираше, бидејќи се покажа дека неговата „нова девојка“ всушност е неговата сопруга, Николија Јовановиќ.

Николија денеска на својот Твитер профил ја објави својата фотографија (фотограф Игор Лазиќ), каде е русокоса со опис: Јас сум негова сопруга и љубовница.