„СЕДИ ВО МОЈОТ ДОМ И ВЕЛИ ДЕКА СУМ КЛОШАР!“ Лукас конечно ја откри причината за кавгата со Лепа Брена!

23 јуни, 2021
lukas

Пејачот Аца Лукас во својата биографија откри зошто ги прекинал сите контакти со пејачката Лепа Брена

Пејачот Аца Лукас објави своја автобиографија „Ова сум јас“ во која ги откри сите пикантерии од неговиот живот.

Тој пишуваше за деновите во затвор и средбата со Цеца во лисици, за односот со Ксенија Пајчин, за разводот со Соња Вуксановиќ и за прељубата со „Мајами“, а сега ја откри и причината за кавгата со Лепа Брена!

„Кога се иселив, Соња ги собираше пријателките во мојата куќа на Бежанијска коса. Пиеја кафе и разговараа. Еден од нив ми испрати видео во кое Брена ја тешеше Соња. „Што се нервираш, што ќе ти е тој клошар и наркоман“, напиша Лукас и додаде:

„Брена сè уште мисли дека сум ѝ се налутил заради „Мајами“. Не. Прво: жена ми не е ретард на која некој треба да наметнува мажи. Второ, многу поважно: Брена дојде во мојата куќа и ја милуваше ќерка ми за чиј татко рече дека би бил клошар и безвреден наркоман“.

Лукас исто така напиша дека Живојиновиќ, како Боба и Брена, како и Филип и Александра Пријовиќ, се дружеле со него само заради профит.