Сенида повторно е мета на МАФИЈА: Ја уценуваат и бараат од неа половина милион евра?!

8 февруари, 2021
сенида

Популарната пејачка Сенида Хајдарпашиќ, попозната во јавноста како Сенида, која неодамна објави дует со Дино Мерлин, порасна во популарноста во последните три години. Сепак, според медиумите, таа сè уште има проблем со нејзините поранешни соработници, таканаречената поп-мафија.

Наводно, Сенида ја уценуваат опасни луѓе од тој круг и од неа бараат половина милион евра за да ја остават на мира.

Наводно, тие бараат од пејачката да им се оддолжи за инвестирање во неа, давање рекламирање и создавање бренд на нејзино име, плаќање на нејзините трошоци за странска кариера. Затоа тие бараат таа да им исплати „компензација“.

Ако не го стори тоа, самата е свесна дека повеќе нема да може да живее мирно во Сараево и околните градови во регионот. Иако сè уште не се изјаснила и одлучила што ќе стори, изворот тврди дека Сенида, по голема веројатност, ќе се согласи на тие услови, па затоа ќе го плати рекетот на рати. Таа сака да продолжи да ја гради својата кариера во мир и самата да закажува настапи, да избира песни, без други да се мешаат. Наводно, поранешните соработници и понудиле да ги врати своите пари во следните две години. Причината за тоа е што нема настапи скоро една година, како и други музичари, поради пандемијата на корона вирусот.

escort - Korsan taksi