Северина го гаѓала соседот со јајца? Човекот пријавил сè, еве што и рекла таа на полицијата за време на интервенцијата

26 мај, 2021
severina-jaja-815x458

– Некој ми ги откина брисачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам – соседот на Северина им се доверил на своите пријатели

Северина Којиќ е пријавена дека наводно го гаѓала со јајца соседот (77) во Загреб!

Според 24sata-hr, човекот истакнал како јајцата „му се цеделе низ маицата и панталоните“, а тој пријавил сè.

Сепак, според истиот портал, Северина при интервенцијата и рекла на полицијата дека „не знае за какви јајца зборува комшијата“, и дека „ручала на маса со своето семејство“.

Но, нејзиниот сосед истакна дека тој сепак имал уште еден проблем.

– Некој ми ги откина брисачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам – им се доверил на пријателите соседот на Северина, кој живее во Козјак, Загреб, каде што живее пејачката.

escort - Korsan taksi