Северина објави видео во кое сензуално се витка во костим за капење (ВИДЕО)

10 јули, 2021
severina-660x450

Лесен ветер и ја мрси косата, а таа заводливо ниша со колковите во ритамот на песната „The Girl From Ipanema“. Северина го сподели сензуалниот танц на својот Интаграм профил и донесе доза свежина на денешниот спарен ден.

„Летаат бакнежи од Шолта до Брач“, напишала Севе со видео во кое го најави нејзиниот концерт во Бол, и иако во него се гледа само нејзината сенка, ремените на колковите покажаа дека носи бикини.

„Вистински уметник“, „Ми се допаѓа како се движиш“, „Леле, чикита бонита“, напишаа нејзините маѓепсани обожаватели кои ја опсипаа со емотикони срциња и силни лајкови, а и замерија што се гледа само нејзината сенка.

Дека пејачката навистина ужива во последните денови, откри во последните неколку фотографии, а на последната повторно ја покажа својата завидна фигура. Шпекулациите за нејзиниот брак не ја допираат, ниту таа ги коментираше. Само забележано е дека таа неодамна го отследи Игор Којиќ на Инстаграм, додека тој ги избриша нивните последни заеднички фотографии. Без разлика дали тоа е показател за крајот или само желба за приватност, времето ќе покаже.