Северина од родниот Сплит посвети емотивни стихови!

10 јануари, 2021
c5e2f49c-3f6e-47fa-a6d3-5271b52900f4

СЕВЕРИНА овие денови ги поминува во родниот град Сплит, а денес објави уште две фотографии од крајбрежјето и им додаде значајни стихови.

“Ne dam vjetru, ne dam nikom
da te prati, s tobom diše,

da se kiti tvojom slikom,
tjeram vjetar, tjeram kiše.

Svatko nosi svoje breme
i u srcu ljubav sklanja,
pođi spati, već je vrijeme:
Budi dobra, lijepo sanjaj”,ги цитираше стиховите од песната на Оливер Драгојевиќ, ‘Nocturno’, со фотографии од нејзината татковина.

„Лудило браке“, веднаш и се јави водителката Маријана Батиниќ.

„Севе најубава“, „Преслатко“, и напишаа воодушевените обожаватели.

Гласини за развод

Иако никој од нив не се огласи по тој повод, гласините за разводот на Северина и Игор не престануваат, а оваа теорија е поткрепена со се почести објави на социјалните мрежи кои покажуваат дека не поминуваат време заедно.

Северина неодамна откри дека ја дочекала Новата година во нејзиниот стан во Загреб со нејзината мајка Ана, а по подолго време објавила фотографија со нејзиниот син Александар кој бил со неа за време на празниците. Игор, пак, се огласи на православните Бадник и Божиќ и откри дека е во Белград.