Северина покажа со кого се дружи во последно време, обожавателите се воодушевија: „Добар ти е овој фраер!“

18 април, 2021
Screenshot_6

Северина објави фотографија со продуцентот Филип Милетиќ на Instagram, па и двајцата добија голем број комплименти заради нивниот изглед.

Северина позираше со продуцентот Филип Милетиќ и на Instagram им соопштија на фановите дека работат на нов албум. Судејќи според објавата, фотографијата е направена во студиото каде пејачката снима нови песни, а нејзината фотографија наиде на одобрување од многу нејзини обожаватели.

Инаку, со месеци кружеа гласини за крајот на бракот на Северина со Игор Којиќ. Двојката веќе долго време не се појавува заедно во јавноста. Повеќе не објавуваат заеднички фотографии, но и двајцата молчат за сè. Последните информации за нивната врска ги даде таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба, во декември минатата година, кога изјави дека Северина не била во Белград веќе неколку месеци.

escort - Korsan taksi