Северина се позгодна: Сите го забележаа нејзиното провокативно деколте од кое беше тешко да се тргне погледот

20 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-20 203520

Северина имаше концерт во Загреб на кој носеше тесен, црн фустан кој го потенцираше нејзиното бујно деколте кое беше тешко да не се забележи, но и долгите, витки нозе.

Последните денови Северина може да се види на настани каде блеска и покрај тоа што минатата недела доживеа кражба во нејзиниот стан во Загреб.

„Беше незаборавна ноќ под ѕвездите“, истакна пејачката покрај фотографиите во црн фустан со прерамка на едното рамо што и стои како излиен.

Северина, заблеска во комбинација што го истакна нејзиното бујно деколте и долгите, витки нозе. Фустанот го искомбинира со црна чанта и потпетици, а косата и беше извиткана во кадрици.

Инаку, пејачката се појави во петокот на „Стрип Кон“ во Загреб и беше главна sвезда на вечерта. Носеше тесен, зелен, свилен фустан од кој ѕиркаше чипкаст градник од иста боја, а бидејќи на левата страна имаше висок шлиц, ја покажа и извежбаната, долга нога.

Покрај тоа, ги усклади и црните потпетици и чантата, а косата ја остави пуштена. Северина беше добро расположена додека позираше пред фотографите и се фотографираше со своите обожаватели, а исто така ги потпишуваше и книгите чија корица ја краси.

Во четвртокот, пејачката од Сплит се појави на изложбата на слики „Тие се тука во Дубровник“ на познатиот сликар Димитриј Поповиќ и уметничкиот фотограф Марко Врдољак во палатата Спонза.

Северина беше расположена и се дружеше со Поповиќ и познатите колеги Мија Димчиќ и Маја Бајамиќ, дизајнерката Матија Вуица и актерката Мија Беговиќ. На фотографиите посветени на „Библиските жени“, Северина ја отелотвори Марија Магдалена, грешничка која Исус ја преобрази и стана негова следбеница. Интересно е што Северина позираше за Поповиќ и пред 11 години.

Тежок период стои зад пејачката бидејќи нејзиниот стан во Загреб беше провален пред неколку дена, а полицијата сè уште го истражува целиот случај.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi