СЕВЕРИНА ЗАБЛЕСКА ВО МАЛ ЦРН ФУСТАН: Овој стајлинг е дефиниција за префинет сексапил!

22 јуни, 2021
252149_severina_ls

Хрватската пејачка Северина деновиве посети неколку јавни настани и на секој од нив блескаше во полн сјај.

Сепак, нејзиното последно појавување ги остави без здив сите присутни, но и нејзините следбеници на социјалните мрежи!

За посета на концерт одржан како дел од прослава, Северина се одлучи за вечен мал црн фустан и покажа дека ова парче облека, и по толку децении популарност, сè уште нема конкуренција кога станува збор за елеганција за вечерни излегувања.

„Беше незаборавна ноќ под ѕвездите“, напиша пејачката на Инстаграм со серија фотографии на кои позираше во малиот црн фустан кој изгледаше како да е сошиен за неа и совршено ја истакнуваше нејзината беспрекорна фигура.

Заедно со безвременскиот модел на фустан, Севе комбинираше црни салонки со високи потпетици, а целиот стајлинг го заокружи со елегантна чанта, исто така во црна боја.

escort - Korsan taksi