Шета на Ибица во сите тонови на Сонцето: Северина покажа колку совршено изгледа нејзината фигура!

9 август, 2021
325290_severina_ff

Поп пејачката Северина на својот Инстаграм профил сподели фотографија како ужива на Ибица, но успеа и да се пошегува пишувајќи во описот:

  • Речиси Ровињ.

Таа избра да изгледа потполно волшебно и летно за оваа прошетка. Во бојата на Сонцето, таа носеше лелеав фустан со совршен крој и должина, така што ја нагласи нејзината извајана фигура.

Таа одлучи да ја заврши оваа комбинација со светкави обетки и нараквици со слични нијанси, кои совршено се вклопија во идејата за нејзината облека.

Но, тоа не е се, забележавме и дека прерамките од нејзиниот градник целосно ги поврза со снежно-бели папучи, што со овој детал го заокружи нејзиното издание на прошетка на Ибица.

Како ви се допаѓа комбинацијата?