ШОК! Азис се вклучи во емисија ВО ЖИВО, никој не очекуваше да го види во ВАКВО издание! Еве како изгледа сега! (ФОТО)

17 мај, 2021
Screenshot_2

Се откажал од својот препознатлив стил!

Популарниот бугарски пејач Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, се приклучи во една емисија. Тој зборуваше за деталите од приватниот и деловниот живот, а сите ги шокира изгледот на пејачот.

Имено, Азис беше препознатлив по неговиот впечатлив стајлинг. Пејачот драстично го смени имиџот, а избелената коса и женската облека ги заменил со мачо стил.

-Здраво, мојот живот е сосема нормален, сè е нормално, освен короната, која е глобален проблем, не само на Балканот, туку и во целиот Свет. Мислам дека тоа го промени животот на сите – рече пејачот.

-Мојот живот е ист како порано. Јас работам на телевизија и многу сум среќен поради тоа, бугарскиот народ ме гледа на малите екрани секој ден, така што тие знаат сè за мене. Затоа мислам дека сè е исто, освен што повеќе не носам шминка. Не можам да кажам како се чувствувам, дали како маж или жена, се чувствувам како уметник, тоа е најважно за еден изведувач, да се чувствува како уметник – вели Азис.

-Зборував многу за приватниот живот на јавно место, па мислам дека им здодеав на луѓето да зборуваат за тоа. Сега ги интересира само мојата музика и работа на телевизија, не со кого спијам или со кого живеам. Го сменив животот и приватниот свет, а луѓето го почитуваат тоа – заклучува бугарскиот пејач.