„ШТО Е ОВА?“ Вака изгледа Јелена Карлеуша без „трошка“ фотошоп (ФОТО)

29 јуни, 2021
165423588_273982511031558_4404917695432317636_n

Некои обожаватели се разочараа кога ја видоа пејачката „во живо“

Една од најпопуларните пејачки, Јелена Карлеуша е позната и по контроверзниот моден израз и арогантното однесување, а таа честопати провоцира бројни обожаватели со своите експлицитни фотографии. Овој пат не објави фотографија на која позира во минијатурен костим за капење што особено ги истакнува нејзините бујни атрибути, туку се потсети на една екстремна промена.

Добрите познавачи на женската психологија велат дека жените ги означуваат своите најголеми животни промени со радикална промена на фризурата. А, дека во тоа има вистина докажува и Јелена Карлеуша, која во еден од најтешките периоди од животот ја скрати косата, како што велат, на кец. Со оглед на тоа што во саботата беше финалето на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша се присети како изгледаше на финалето во 2019 година, а откри и како се одлучила за нешто помалку драстична промена за овогодинешното издание.

Овој пат таа се качи на сцената во необичен кожен комбинезон потпишан од познатиот хрватски дизајнер Зигман. Бројни коментари дојдоа и на сметка на нејзината коса, што судејќи според коментарите, овојпат беше полн погодок. Фановите ја замолија никогаш повеќе да не ја шиша косата со оглед на тоа дека изгледа многу подобро во вакво издание.

escort - Korsan taksi