Синот на Брена драстично го промени имиџот! На прв поглед, многумина не го препознаа Виктор

15 август, 2021
viktorzivojinovic070820200064-830x0

Му рекоа дека никогаш не изгледал подобро

Виктор Живојиновиќ, помладиот син на музичката sвезда Лепа Брена, направи промена во својот изглед поради што многумина не го препознаа на прв поглед.

Тој ја доживеа најголемата трансформација досега кога изгуби голем број килограми, а сега одлучи да подлегне на сегашниот тренд и да ја избели кафената коса.

На својот Инстаграм профил, Виктор објави фотографија од црногорскиот брег на која се гледа неговата нова фризура и напиша: „Зошто да не?“

На следбениците многу им се допадна оваа слика на младиот Живојиновиќ, а под фотографијата има коментари дека овој стил одлично му стои, но и дека едвај го препознале.

„Ти си друга личност“, „Не би те препознала“, „О, каква промена“, „Супер ти стои“, „Мала, но значајна промена“, „Никогаш не си изгледал подобро“, се некои од коментарите.

escort - Korsan taksi