Сораја објави нова жешка фотографија: „И во Застава да вложите 50.000 евра, луѓето ќе мислат дека е Ферари“

4 јули, 2021
soraja-vucelic-4-815x458

Иако многумина беа воодушевени од нејзиното бујно деколте, во коментарите имаше и такви кои ги коментираа нејзините пластични операции.

Старлетата Сораја Вучелиќ ја обожава естетската хирургија, па затоа направи неколку интервенции на себе, кои не ги крие. Сепак, корисниците на социјалните мрежи често не разликуваат дали таа повторно била кај пластичен хирург или лошо применила Фотошоп.

Имено, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија во минијатурно бикини, а горниот дел едвај успеа да покрие дел од нејзините гради.

„Бомбетина“, „Секоја чест за тоа како изгледаш“, „Супер си“, „Ти си вистинска бомба“, „Леле, сликај се повеќе, ни недостигаат твоите слики“, се само некои од позитивните коментари во морето на емотикони од срциња и огани.

Иако многумина беа воодушевени од нејзиното бујно деколте, сепак во коментарите имаше и такви кои ги коментираа нејзините пластични операции.

– Си можела да ставиш уште поголеми гради, и да го исечеш носот целосно за да го снема, за што ти треба нос? – се запраша еден следбеник на старлетата.

Наскоро тој собра над 20 лајка на коментарот.

– И во Застава 101 да вложите 50.000 евра, луѓето би помислиле дека тоа е Ферари. Пластиката е чудо – додаде тој.

„Ци*ката и е поголема од главата“, напиша друг коментатор.

Да се потсетиме, Сораја учествуваше во регионалниот „Големиот брат“ пред 10 години, по што нејзиниот живот радикално се промени, а судејќи според фотографиите од минатото, нејзиниот изглед исто така се смени.

escort - Korsan taksi