Страсни бакнежи и прегратки: Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена заљубени како на првиот ден! (ФОТО)

11 јануари, 2021
Screenshot_2

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена беа снимени како разменуваат бакнежи и прегратки на плажата во шпанскиот град Марбела, каде се преселија кон крајот на 2020 година.

Еден од најуспешните тенисери во Светот, Новак Ѓоковиќ (33), на крајот на минатата година со своето семејство се пресели во Шпанија.

По долгогодишно живеење во Монте Карло, тој купи вила од 10 милиони евра во градот Марбела, каде го мина lockdown-от во мај поради корона вирусoт со сопругата Јелена (34) и ќерката Тара (3) и синот Стефан (5). Тој и неговото семејство се вљубиле во неа за време на нивниот престој, па решил да ја купи, а колку им е убаво на југот на Шпанија покажуваат нивните нови фотографии.

На тениската sвезда ѝ се следат сите чекори од папараците, а сега тие успеаја да го фатат во романтичен момент со сопругата додека уживаше во сончевиот ден на плажа со децата.

Новак и Јелена беа фотографирани како се гушкаат и се бакнуваат додека нивните деца трчаат околу нив, а тенисерот подоцна им се придружи на ќерката и синот во играта и изгледаше дека одлично се забавува.

Неговата вила во Марбела се наоѓа во најлуксузната област Сиера Бланка, на пет минути возење од центарот на градот и има прекрасен поглед кон морето со кој се пофали парот на Instagram.

Куќата има девет спални соби, осум бањи, голема теретана и соба за забава со билјард, пинг-понг и кино, а внатре има џакузи и сауна. Вилата е опкружена со огромен двор, а семејството Ѓоковиќ има тениско игралиште и базен и куќа за гости.