„СВАДБА НА ДЕЦЕНИЈАТА“: Аркан се ожени со Цеца, а свадбата ја режираше осомничен силувач!

19 февруари, 2021
Screenshot_1

На денешен ден, на 19 февруари 1995 година, се одржа „свадбата на деценијата“, како што медиумите ја нарекоа венчавката на воениот злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан и пејачката, Светлана Цеца Величковиќ.

Дури и по 26 години, оваа тема остана актуелна, но овој пат не толку главните sвезди на венчавката, туку поради личноста која го режираше настанот.

Имено, видеото од „свадбата на деценијата“ беше продавано и на киосците, а режисер беше Мирослав Мика Алексиќ, директор и професор на школата за глума, кој оваа есен се соочува со сериозни обвиненија за силување.

За потребите на снимањето, тој обезбеди пет мобилни фотоапарати и сними 30 часа материјал од кој беше режиран 90-минутен филм.

Инаку, Аркан и Цеца се запознале во 1993 година за време на војната во Хрватска во тогаш окупираниот Ердут за да го прослават денот на Српската доброволна гарда. Нив ги запозна легендарниот пејач Оливер Мандиќ. Бидејќи ова беше трет брак на Аркан, тој мораше да побара специјална дозвола од Српската православна црква, што на крајот му даде благослов.

Аркан на венчавката носеше униформа на српски војник од Првата Светска Војна која ја дизнајнираше костимографот Драгиша Спасојевиќ. Во бракот ги добија ќерката Анастасија и синот Аркан.

Бракот не траеше долго, пет години по венчавката, на 15 јануари 2000 година, Аркан беше изрешетан во хотелот „Интерконтинентал“, на истото место каде се одржа свадбата.