Sвездата од 90-тите беше жртва на сексуално насилство: „Со години на психотерапија… Мислев дека тоа е моја вина“

26 јануари, 2021
tajci-460x0

Години на психотерапија, длабока потсвест, ми требаше долго време да го погодам чкрапалото за се тоа да го исцелам, рече Тајчи.

Хрватската поп-sвезда на деведесеттите, Татјана Камерон Тајчи (49) призна дека била жртва на сексуално насилство во нејзината младост.

Сè уште бев во тинејџерски години, тоа беше пред славата, ме силуваа и верував дека тоа е моја вина. Затоа не сакав да кажам никому. Ние мора да создадеме средина во која жената или мажот нема да веруваат дека се виновни кога ќе им се случи вакво нешто – призна таа порано пред медиумите.

За да може да се зборува за тоа мирно денес, и требаше многу труд и работа на самата себе.

Години на психотерапија, длабока потсвест, ми требаше долго време да го погодам чкрапалото за да се отворам и се да кажам, рече таа.

Како мајка на три сина и креативна претприемачка, секој ден се справувам со голем стрес. Во текот на мојот живот, се занимавав и со навистина големи работи: ги изгубив сопругот и татко ми од рак, се борев со депресија и анксиозност со години, како тинејџер поминав низ трауматско искуство поврзано со сексуално насилство тоест се борев да се засакам себеси и да си ја повратам самодовербата. – рече Тајчи.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris