Тијана Дапчевиќ имала 115 КИЛОГРАМИ, па откри како ја изгубила тежината: Моите раце беа како бутови

10 април, 2021
tijana_dapcevic__247148__photo_E-Stock_caslav_vukojicic-rotated-e1593187624102

Кажа како сега се храни и во кој момент почнала да слабее

Пејачката Тијана Дапчевиќ неодамна го сподели своето искуство со слабеење по бременоста.

Имено, таа рече дека се здебелила 45 килограми за време на бременоста, и дека имала 115 килограми пред да се породи.

„Буквално носев уште една личност на мене. Немав врат и рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Сепак, почнав да губам тежина само кога сфатив дека не треба диета, туку да го сменам мојот животен стил. Ние жените имаме неверојатна блокада на главата кога ќе се спомене зборот диета. „Тогаш размислуваме само за храна и што треба да јадеме, а што не“, изјави пејачката.

Како што рече таа, денот го започнува со овесна каша со чиа и црвено овошје, за ручек обично јаде мисиркино месо со зеленчук, и за вечера риба со салата.

„Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да се храниме без шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, меѓутоа, како и другите жени, јас често се опуштам и се дебелеам “, заклучи Тијана и рече дека нејзината цел е да изгуби уште девет килограми.

escort - Korsan taksi