Тијана Дапчевиќ искрено за својата колешка: „Мара нека се држи до микрофонот, никогаш нема да биде влогерка“

17 февруари, 2021
tijana-dapcevic-marija-serifovic-460x0

Пејачката ја прокоментира новата „професија“ на нејзината колешка Марија, и кажа што мисли за нејзините влогови.

Пејачката Тијана Дапчевиќ се пофали со своите вештини во кујната, но коментираше и на каналот Јутјуб на нејзината колешка Марија Шерифовиќ.

Ништо не ми се допаѓаше за време на оваа пандемија, но се посветив на правење различни јадења – изјави пејачката во шоуто „Гранд магазин“.

Тијана потоа се осврна на новата „професија“ на нејзината колешка Марија Шерифовиќ, која започна да снима популарни влогови, во кои покажува како ги поминува своите денови.

-Нека се држи Мара до микрофонот – рече Тијана со смеа и додаде.

-Марија е уметник, музичар, пејачка и никогаш нема да биде влогерка, тоа е само момент на креативност – заклучи Тијана.