Тој беше ОМИЛЕН во натпреварот „Операција триумф“, а потоа исчезна: Белов денес ја сака оваа убавица, а еве како изгледа и што прави

28 март, 2021
бело

Публиката се запозна и се заљуби во пејачот Александар Белов во рамките на натпреварот „Операција триумф“. После тоа исчезна од јавната сцена, а денес сè уште се занимава со музика и е семеен човек.

Имено, тој во 2019 година стапна во брак и рече судбоносно „да“ на својата долгогодишна девојка Јелена.

Фотографиите од венчавката потоа беа споделени на социјалните мрежи, а Александар по тој повод и посвети емотивна порака на својата сопруга.

Среќен е човекот кој наоѓа вистински пријател, а најсреќен е оној што ќе го најде во неговата сопруга – напиша тој.

Да потсетиме, за време на натпреварот во „Операција триумф“, Сандар Белов остана запаметен како мирно и повлечено момче со прекрасен глас, а многумина го споредуваа со Тоше Проески заради начинот на кој тој пееше и неговиот карактер.

Александар сè уште се занимава со музика во Македонија, но веќе не се појавува во српските медиуми