Toпот налик на градник едвај и го скроти бујното деколте, а здолништето со кое го искомбинира изгледа скромно само на прв поглед

2 јуни, 2021
jk-768x450-1-700x410

Јелена Карлеуша беше фотографирана во Белград во топ што изгледа како градник и здолниште со опасно висок шлиц.

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша (42) е позната по своите разголени изданија, но сепак успева да изненади со модните избори.

Па сега, пред студиото на шоуто „Ѕвезде Гранда“ во Белград, таа привлече внимание во уште една интересна и доста предизвикувачка модна комбинација.

Носеше розов топ што личеше на градник и кој бујното деколте едвај го држеше на место, а го искомбинира со прекрасно портокалово здолниште кое изгледаше скромно само на прв поглед.

Кога зачекори, можеше да се види дека здолништето има опасно висок процеп, кој достигнува преку колковите, па Карлеуша мораше постојано да го држи со рацете за да не открие повеќе од што планирала.

И во ова издание, таа уште еднаш потврди дека се осмелува да облече нешто што не би го сториле повеќето нејзини колешки, и затоа скоро секој пат кога ќе ја напушти куќата, тоа е вистински спектакл.