Тошиќ покрена тужба по аферата, а Јелена повторно се огласи!

19 јануари, 2021
pjimage-3_8aeeck5

Српските медиуми со денови пишуваа дека Душко и блогерката Ана се гледаат повеќе од година и пол. Исто така се шпекулира дека љубовницата на Душко била и во семејната куќа Тошиќ-Карлеуша

Српските медиуми објавија дека фудбалерот Душко Тошиќ (35) ја изневерувал својата сопруга Јелена Карлеуша (42) со блогерката Ана Јовановиќ. Секако, Карлеуша зборуваше прва, обидувајќи се со сите сили да ги демантира тврдењата на српските медиуми. Но, сега се огласи и нејзиниот сопруг, кој со месеци не одговараше на ниту еден повик.

Тој на својот Инстаграм профил објави фотографии од српските весници и тужбата.

– Жал ми е што Душко беше вовлечен во оваа кал и тоа поради болна омраза кон мене – се пишуваат лаги за него. Тој секогаш беше лојален, семеен човек, искрен и беспрекорен. Овој пат тој реши да ја тужи баграта. Доста е – напиша Карлеуша во описот на фотографијата.

Инаку, со денови се пишуваше дека Душко и Ана се гледаат повеќе од година и пол. Исто така се шпекулира дека љубовницата на Душко била и во семејната куќа Тошиќ-Карлеуша.

– Никогаш не сум ја сретнала оваа девојка, никогаш не сум ги облекла нејзините костуми за капење, никогаш не била во мојата куќа итн. Овие глупости ги става истите изроди, Зорица, Љиљана, за кои цела Србија знае дека се опседнати со болна омраза кон мене. Ало беднички, не сум ви јас виновна што сте грди и што никој не сака да ве *бе! Тргнете се, смешени сте на сите! И да, овој пат Душко поднесе тужба затоа што му е преку глава! – напиша Јелена.

escort - Korsan taksi