Вака Цеца го поминува Денот на вљубените: Пејачката е со својот сакан, а сите ги воодушеви ОВОЈ детал (ФОТО)

14 февруари, 2021
cecarodjendan14062017013-830x0

Ражнатовиќ ужива во денот на љубовта

Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ покажа како го поминува Денот на вљубените, а сите беа воодушевени од убавата сцена и еден детал, што особено ги заинтригира сите.

Имено, Цеца на својот профил на Instagram објави снимки од нејзиниот внук Жељко Ражнатовиќ, кој шета низ куќата во дубало, а зад него има еден куп розови и црвени балони во форма на срце.

Ражнатовиќ денот на љубовта го поминува со малиот Жељко, со кого ужива, а сите се прашуваат дали балоните се подарок од нејзиното момче, Богдан Срејовиќ.

Иако не е со својот партнер во текот на денот, несомнено е дека Цеца „празникот“ на љубовта, покрај семејството и најмладиот член Жељко, ќе го помине и со Срејовиќ.

Да потсетиме, Ражнатовиќ веќе неколку месеци ужива со Срејовиќ. Заедно одат на романтични патувања и се забавуваат, а како што е познато, ќерката на Богдан, Искра и пејачката одлично се согласуваат.