ЗА ЈАВНОСТА ГЛУМАТ ДЕКА ИМААТ ПРЕКРАСЕН БРАК, А КОНЕЧНО ИСПЛИВА ВИСТИНАТА: Брена и Боб не живеат како маж и жена, а овој детал ги издаде!

6 јули, 2021
Screenshot 2021-07-06 100647

Лепа Брена и Саша Поповиќ направија голема прослава за сите вработени во Гранд да им се заблагодарат за сите години на прекрасната соработка. Боба Живојиновиќ и Лепа Брена дојдоа на прославата со посебни автомобили.

Неа ја донесе возач, додека Боба дојде со неговиот најстар син Филип и пријателите, па меѓу гостите веднаш започнаа приказни дека повторно нешто не е во ред со нив. Некој додаде дека Брена неодамна останала на црногорското приморје без Боба, додека тој поминал три недели сам во Америка. Боба беше задолжен за организирање на прославата, а Саша Поповиќ беше одговорен за изборот на гости за кои, како што рече, Брена и Боба не ги ни знаат. Боба на тоа одговори дека тој и Брена вложиле пари во Гранд и дека некој мора да работи, мислејќи на Поповиќ. Брена беше расположена цела вечер, пееше, танцуваше, наздравуваше, но нејзиниот сопруг во ниту еден момент не и се придружи, туку гледаше сè настрана.

– Тие се навикнати секој да си го живее животот и да не се ограничуваат еден со друг. Во моментов се фокусирани на заедничка деловна активност што ќе ја започнат наскоро. Отвораат хотел на Златибор, како и во Мајами. Во тоа ќе инвестираат 50 милиони евра – вели извор близок до Живојиновиќ, а Боба објасни како го гледа својот брак:

– Заедно со љубовта, мора да има и почит. Што би рекла баба ми: „Ако земеме јаже и јас повлечам на моја страна, а ти на твоја страна, што ќе се случи? Ќе пукне. А ако ти повлечеш, а јас пуштам и обратно, тоа ќе трае. Истото важи и за љубовта и пријателството. Треба да дадете за да добиете. Јас и Брена сме заедно 34 години и некако преживуваме“, пренесува Свет.

escort - Korsan taksi