ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ОД 89 ДО 67 КИЛОГРАМИ: Благодарение на ова МЕНИ, Лепа Брена може да се пофали со линијата!

28 април, 2021
screenshot_from_2021-04-28_14-17-08

Пејачката со години строго ги следи овие правила.

На самиот почеток на нејзината кариера, Лепа Брена се бореше со прекумерната тежина. Како што и самата вели, еден ден застана пред огледалото и сфатила дека итно треба да ослабе.

Од тогаш до денес, се придржува до ова мени. Благодарение на него, таа има совршена линија, и никогаш не ги врати изгубените килограми.

Кога започнала да јаде на овој начин, за 6 месеци паднала од 89 килограми на 67.

Пејачката верува дека умереноста е клучот за добра линија и здравје.

– На моја возраст, човекот учи дека не треба да претерува во ништо, особено во месото, што кај нас се наоѓа главно на менито – вели пејачката и објаснува како со текот на годините успеала да ја задржи фигурата на која многу жени и завидувале :

– Секое утро кога ќе станам вежбам јога. Без оглед на тоа колку години имате, важно е да јадете помалку, бидејќи тогаш се чувствувате подобро. Сакам да јадам слатки, а понекогаш и хамбургер, пица, но се обидувам да не претерувам. – заклучи фолк sвездата.

Еве како изгледа нејзиниот план на исхрана:

Ден 1

Појадок: Мусли од овесни снегулки, бадеми и свежо овошје

Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа.

Вечера: Потаж, супа или голема чинија со младо сирење.

Ден 2

Појадок: салата и 2 варени јајца.

За салатата, ви требаат: 1 чаша зелка, ½ чаша моркови, ½ чаша цвекло, 1 лажица масло.

Подготовка на салата: откако ќе ги промашите состојките, прелијте ги со масло.

Ручек: чинија потаж од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук, по избор.

Вечера: салата.

Потребно ви е: 1 морков, 1 краставица, 1 чаша црвена зелка, ½  праз, 1 чаша зелена салата, рукола, млад спанаќ, 1,5 лажици масло, ½ лажица сок од лимон, 150 гр пилешко на скара / конзервирана туна, чаша јогурт.

Подготовка: откако ќе ги исечете состојките до посакуваната дебелина, измешајте ги и уживајте.

Ден 3

Појадок: омлет со брокула и сирење.

Ручек: чинија потаж од зеленчук, 150 гр бифтек на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: медитеранска салата од туна.

Потребно е: ¼ зелена салата, 100 гр домати, ¼ црвен кромид, ½ краставици, ½ зелена пиперка, 20 гр фета сирење, 20 гр маслинки, ½ лажица оригано, ½ конзерви туна во маслиново масло, 15 мл оцет/сок од лимон, ½ лажица масло, 200 мл јогурт.

Подготовка: Промешајте ја туната со зелената салата, доматот, црвениот кромид, краставицата и црвениот пипер. Додадете сирење, маслинки и јогурт. Повторно промешајте, додадете сирење, маслинки и прелијте со оцет или сок од лимон.

Ден 4

Појадок: омлет и салата.

Ручек: чинија чорба, 200 гр бело месо на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: Цезар салата.

Ден 5

Појадок: мафини со пиперка, печурки и јајца.

Ручек: чинија потаж од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: Сезонска витаминска салата со коцки месо.

escort - Korsan taksi