Задоволен од снаата- ТАТКОТО НА БОГДАН ВООДУШЕВЕН ОД ЦЕЦА: Остави одличен впечаток кај мене!

22 јануари, 2021
Paparaco-Ceca-i-Bogdan-3

Пејачката неодамна се запозна со родителите на своето ново момче, а неговиот татко сега ги сподели своите впечатоци.

Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна отиде во Крагуевац на славата на нејзиното 9 години помладо момче Богдан Срејовиќ.

По тој повод, таа се запозна со целото негово семејство, како и со таткото на Богдан, Милош Срејовиќ, познат спортист, поранешен европски шампион.

Дека сè одело добро, потврди и постариот Срејовиќ, кој го сподели својот впечаток за Цеца.

„Цеца остави одличен впечаток, како што мислев. Богдан беше многу задоволен”, рече кратко.

Семејството Срејовиќ, поради мерките што се на сила, ја прослави славата меѓу најблиските, а Милош откри и дали некој од семејството се јавил да праша за пејачката.

„Не беше никаков спектакл, затоа никој не ме повика од семејството и познаниците да ме праша за Цеца. Сè беше пристојно, во семејниот круг, како што налага сегашната епидемиолошка состојба”, објасни тој.

escort - Korsan taksi