ЗАКАНИТЕ ЗА УБИСТВО ја принудија да ги спакува ќерките и да ИЗБЕГА ОД ЗЕМЈАТА: ЈК за траумата по дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ

7 април, 2021
karleusa_2

Објасни сè!

Пејачката Јелена Карлеуша се вклучи во популарната емисија на ТВ Прва „Шок поток“.

Популарната пејачка првпат јавно проговори за ситуацијата во која се најде поради дисквалификуваната натпреварувачка на музичкиот натпревар “Zvezde Granda”, Вања Кнежевиќ.

Jelena Karleuša

– Секако, треба да го дадам последниот збор на оваа тема. Јас претрпев најмногу напади. Се случи и тоа, како и пред години, да го коментирам стајлингот на една од натпреварувачките. Реков дека е облечена како тетка. Претрпев смртни закани поради тоа. Ги спакував децата, ја напуштив земјата, на средина на учебната година. Ова се неприфатливи работи. Им објаснив дека мајка им е крива и дека луѓето тоа им го пишуваат – истакна пејачката и додаде:

– Полнолетните натпреварувачи знаат дека ќе им се коментира пеењето, стајлингот и енергијата. Секој што не може да го издржи тоа психички, не е за оваа работа. Сè што ми замеруваше скоро целиот Балкан, им го сторија на моите деца. За среќа, јас сум силна, издржав. Ова не е прв пат. Секој коментар до кандидатите беше искрен и добронамерен – рече ЈК.

Jelena Karleuša

Карлеуша вели дека Вања Кнежевиќ изманипулирала со народот, и дека членовите на жирито на “Zvezda Granda” ја поддржале.

– Кандидатката се сети на душевната болка по два месеци. Таа го измами целиот Балкан. Девојчето си постигна автогол – вели Јелена и ја објаснува својата врска со Марија Шерифовиќ:

– Сите членови на жирито застанаа зад мене. Марија ми се извини. Тука ги смиривме односите. Ирелевантен кандидат не е посилен од нашето пријателство – заклучи пејачката.

escort - Korsan taksi