Здравко Чолиќ сакал да го СМЕНИ ИМЕТО: Популарниот пејач речиси целосно се преобразил поради неговата кариера (ВИДЕО)

9 август, 2021
zdravko-colic-foto-ataimages-1-2048x1365

Пејачот сакал да ја прошири својата веќе многу успешна балканска кариера на светскиот пазар

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ е еден од ретките на регионалната јавна сцена кој го задржа својот стас и глас, иако поминаа децении од неговото појавување на сцената.

Првиот јавен настап го имаше на натпревар за аматерско пеење во 1967 година, а својата соло кариера ја започна на крајот на 1970 година со песната „Sinoć nisi bila tu“. Сепак, многумина не се свесни за потегот за кој се одлучил Чола кон крајот на седумдесеттите години.

Пејачот тогаш сакал да го искористи својот талент и да ја прошири својата веќе многу успешна балканска кариера на светскиот пазар.

Со оглед на тоа колку е тешко за странците да го изговараат името на оваа sвезда, неговите продуценти одлучија да го направат Здравко – Дравко (Дравчо). Иако снимил неколку песни на различни странски јазици, Чола подоцна се откажал од оваа намера бидејќи во тој случај ќе морал да ја напушти поранешна Југославија и да се пресели во Германија.

Песната за германскиот пазар се викаше „Alles was Ich Hab“, а еве ви шанса да ја слушнете ако веќе не сте го направиле тоа: