ЖИВОТОТ НА ЦЕЦА СОСЕМА СЕ ПРОМЕНИ! Богдан го поминал карантинот со неа – скоро се преселил во вилата! А еве каде се Вељко и Анастасија! (ФОТО)

19 април, 2021
Screenshot_1

Година на промени во домот на Ражнатовиќ!

Пред две години, животот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) значително се вртеше околу настапи и наоѓањето песни за нов албум, но пандемијата и некои други околности го направија нејзиниот секојдневен живот денес да изгледа сосема поинаку. Откако стана баба на синот на Вељко, Жељко, но и откако влезе во романса со бизнисменот Богдан Срејовиќ (38), има многу страни на кои Цеца треба да им ја посвети својата енергија, но тоа го прави со задоволство. Откриваме како изгледа еден нејзин просечен ден денес.

Не ја запоставува кариерата, напротив се вели дека преку ден оди на деловни состаноци каде се занимава со идни албуми и други теми, но после тоа секогаш наоѓа време да се опушти со козметички третмани на кои често се фалат социјални мрежи, додека вечерите ѝ се резервирани за дружење дома, со семејството и најблиските.

Пејачката сè уште не го потврди тоа, но има тврдења дека нејзиниот избраник Богдан Срејовиќ практично се преселил во нејзината вила, бидејќи во последно време се неразделни. Само што ќе ги заврши своите обврски на работа, Срејовиќ оди директно кај Цеца каде минува со денови и ноќи, а една од нивните омилени заеднички активности е уживање во базенот што се наоѓа во нејзиниот дом.

На почетокот на март, Богдан беше позитивен на коронавирусот, додека Цеца беше негативна. Иако требаше да бидат разделени поради тоа, пејачката предложи нејзиното момче да го помине карантинот со неа, па тој беше изолиран во еден стан лоциран во делот на вилата на Цеца. Сето тоа време го поминаа заедно гледајќи серии и филмови.

Додека нејзиниот син Вељко го поминува поголемиот дел од своето време во Тител, пејачката е насочена кон тоа да ѝ помогне на својата ќерка Анастасија, која се подготвува да се пресели во нов дом во близина на Калемегдан со нејзиниот избраник, Џорџе Кулиќ, на почетокот на мај. Цеца активно учествува во овие подготовки, па ѝ помага на својата ќерка со избор на мебел и други детали со кои нејзината ќерка ќе одбележи нова етапа во нејзиниот живот заедно со Кулиќ.