ДАЛИ ГЛУТЕНОТ ГО „УБИВА“ ИМУНИТЕТОТ И ДЕБЕЛЕЕ? Научниците објаснија – сѐ што мислевте е погрешно!

popara29 март, 20211min0
hleb-1

Според студија објавена пред неколку години во „Британскиот весник за исхрана“, диетата без глутен може да доведе до недостаток на корисни бактерии во цревата, што резултира во ослабен имунолошки систем.

Иако диетата без глутен е многу модерна и популарна во денешно време, лекарите и нутриционистите всушност веруваат дека елиминирање на храната што ја содржи е неопходна само во екстремни случаи, поточно кога станува збор за алергии.

Така, тие ги издвоија трите најчести митови поврзани со храна што содржи глутен:

  1. Предизвикува надуеност

Не е невообичаено луѓето да ја поврзуваат надуеноста со јадење на глутен. За да утврдат дали има вистина во оваа теорија, научниците спроведоа експеримент. Учесниците кои јаделе храна без глутен, но претходно не им било кажано што јадат – пријавиле зголемени проблеми со гасови. Остатокот од тестот покажа дека кај здраво лице, храната што ја содржи оваа состојка не предизвикува надуеност. Значи, станува збор за нешто друго, чувствителност на друга компонента во храната.

  1. Предизвикува дебелина

Дебелината се јавува поради неконтролирана апсорпција на масти и јаглехидрати, недостаток на физичка активност и недостаток на урамнотежена исхрана. Квалитетниот леб и пекарски производи, доколку се консумираат прекумерно, значително го зголемуваат внесот на калории и може да доведат до таложење на резервите на маснотии, што нема никаква врска со глутен.

  1. Го зголемува ризикот од срцеви заболувања

Глутенот може да предизвика големи проблеми ако некое лице страда од целијачна болест. Печени производи (кои содржат глутен) исто така можат да го зголемат нивото на холестерол – што дополнително доведува до кардиоваскуларни заболувања, но пред се затоа што станува збор за неурамнотежена исхрана и зголемен внес на калории. Не постои научна студија што го потврдува директното негативно влијание на глутенот врз здрава личност.