4 скриени европски острови за летување каде и онака немаше многу туристи

18 мај, 2021
62086366

Гозо е полн со пештери и ќе биде особено интересен за нуркачите. Доколку се најдете на овој остров, задолжително посетете го Азурниот прозорец во Двејра, кој уште се нарекува и Сино око…

Изборот на место за одмор оваа година во голема мера ќе зависи од пасошите за корона вирусот. Покрај тоа, многумина ќе бараат помалку познати дестинации за одмор кои не биле посетени од премногу туристи. Како овие скриени бисери на европскиот континент…

Гозо, Малта

Гозо е остров кој зафаќа околу 67 километри квадратни во Средоземното Море и се смета за втор по големина малтешки остров. Но, за разлика од поголемата и попосетена Малта, Гозо е многу рурално и ридско место. Од Малта можете да стигнете со траект за околу половина час. Тој е полн со пештери и ќе биде особено интересен за нуркачите. Доколку се најдете на овој остров, задолжително посетете го Азурниот прозорец во Двејра, кој уште се нарекува и Сино око.

Оронсај, Шкотска

Оронсаај е мало островче во шкотските внатрешни хебриди, кој се протега на 543 хектари. Според последниот попис, во него живеат само осум лица, што дополнително придонесува за неговата привлечност кај луѓето кои ја сакаат својата приватност, мир и тишина. Тоа е мистично место со волшебна панорама и спектакуларни природни убавини.

Форментера, Шпанија

Формантера е најмалиот и најјужниот остров во шпанскиот архипелаг Лас Питиусас кој припаѓа на Балеариците. За разлика од попознатата Ибица, која е оддалечена само шест километри, ова место е создадено за бавно уживање во морето и сонцето. Островот е долг 19 километри и може да се пофали со бројни песочни плажи. Покрај тоа, тоа е одлично место да се испроба шпанската кујна – менито вклучува сè, од тапаси до разни јадења базирани на свежа риба и морски плодови.

Поркерол, Франција

Поркерол е најголемиот остров на Илс д Хирес – зафаќа околу 12,5 километри квадратни во Средоземното Море. Некогаш лозјата покриваа добар дел од островот, а денес повеќето припаѓаат на националниот парк Порт-Крос, што е мамка за посетителите. Овде ве очекува прекрасно море и добро познатата француска кујна.